На 20.06.2023 полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода К.Х.(26), М.Т.(18), Н.Н.(24), Н.Н.(23), З.Н.(40) и еден малолетник, сите од Кочани. Кај место викано „Бочвенец“ во атар на с.Полаки, кочанско, тие биле затекнати при вршење кражба на дрва од туѓа шума и притоа биле пронајдени 48 исечени стебла на огревни дабови дрва.
На местото на настанот биле пронајдени и одземени две патнички моторни возила и една моторна пила кои биле предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка.
За случајот бил запознаен јавен обвинител и по негово целосно документирање против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.
ИЗВОР: Дневен билтен на МВР
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ