Славчо Наков – Чачо дефинитивно е легенда на „Осогово“. Три децении се грижи за здравјето на играчите, три децении без оглед на временските прилики се става на располагање на тимот, три децении им помака на повредените играчи што побргу да се вратат на теренот.

Популарниот Чачо е бивш играч и голгетер каков што ретко се раѓа на овие простори, Токму играњето на зелениот терен и секојдневното соочување со груби стартови на противниците или нерамниот терен го научиле дека се главните причини за повреди на играчите. Но Славчо Наков – Чачо е овде, секогаш спремен покрај аут линијата, да притрча и да му помогне на повредениот играч било да е од „Осогово“ или противничкиот тим.

Токму во знак на благодарност за неговата неизмерна помош во изминатите триесет години од Фудбалскиот Клуб „Осогово“ доби посебно признание и скромни подароци.
Секоја чест и за гестот од „Осогово“ и за неуморниот Чачо.
Славчо Наков – Чачо, еден и единствен.


С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
