За време на викендот се одиграа натпреварите од 5-тото коло во втората Фудбалска Лига за жени. Во четирите одиграни натпревари сите победи ги забележаа домашните екипи со гол разлика 34:1.Екипата на Кочани ја забележа и петата победа и осамена е на врвот на табелата. Кочанчанки на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани ја совладаа екипата на „Слободен“ со 11:1 (5:0)
Салихи постигна 4 погодока (7’47’69’73’), Горгиева 3 (11’23’43’), Велкова 2 (31’56’) Манасиева 1 (52’) и Милеска 1 (62’), а единствениот погодок за гостите е дело на Стојаноска во 88’.
Резултати од 5-тото коло:
Кочани – Слободен 11:1
Вардар – Порече 5:0
Билјанини извори – Победа 16 10:0
Плачковица – Борец 7:0
Во следното коло „Кочани“ и гостува на „Победа 16“
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ