ПРОМОЦИЈА НА ПРЕДЕЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ НА ЗП ОСОГОВСКИ ПЛАНИНИ

октомври 27, 2023
1 минути

Во соработка со Македонското еколошко друштво, локални планинарски и велосипедски друштва, во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – излезна фаза, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation-SDC), координирана од Фармахем, Телото за управување со Заштитен предел „Осоговски Планини“ организира настан за промоција на пределните вредности на Заштитен предел „Осоговски Планини“, во Инфоцентар „Пониква“ на 29.10.2023 год. (недела), со почеток од 10 ч.

Целта на настанот е да се презентираат карактеристичните пределни и естетски вредности на Заштитен предел  „Осоговски Планини“, преку изложба на фотографии „Осоговските села“.

Во рамките на настанот ќе бидат реализирани планинарска и велосипедска тура.

Општина Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ