ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – „ОСОГОВО“ ГО ПРЕЧЕКУВА „КОЖУФ“

Во Спорт
октомври 27, 2023
1 минути

На програмата се натпреварите од 10-тото коло во Втора фудбалска Лига.

Во Кочани, на стадионот „Никола Мантов“ „Осогово“ го пречекува „Кожуф“. По успешната серија која кочанчани ја имаа пред паузата во првенството веќе во наредното коло претрпеа пораз во Радовиш со што успешната серија беше прекината. Шансата да се вратат кочанчани на победничкиот колосек е натпреварот со Кожуф. Гевгеличани  по успешниот старт во првенството влезени се во резултатска криза каде „Осогово“ ја гледа својата шанса. Само со ладни глави, голема борбеност и оставање „срцето на теренот“ е гаранцијата дека „жокто-сините“ ќе дојдат до посакуваните три бода.

Двојки за 10-тото коло:

Осогово – Кожуф

Охрид – Пелистер

Беса – Аресими

Тетекс – Скопје

Башкими – Вардар (Н)

Победа – Караорман

Беласица – Детонит Плачковица

Новаци – Каменица Саса

Натпреварите се играат во Сабота со почеток во 13:00 часот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ