На вчерашната седница на Советот на Општина Кочани 11-та по ред имало поставено и советнички прашања на кои имало дадено ие целосни одговори. Така информираат дел од граѓаните кои го следеле преносот од седницата.
Денес добивме неколку фотографии од две улици во градот каде работите од поодамна се започнати а никако да се завршат.
„Ова е улицата Гошо Викентиев во Кочани. Улицата се прави подолг период но никако целосно да се направи. Изведувач разбравме дека е фирмата Есковатори која многу професионално ја заврши работата со порабувањето и со правењето на тротоарите но некаде заглавија изгледа работите па никако да се стави асфалт на улицата. Минувањето по неа сега е проблем за сите возила и возачите треба да се доста внимателни бидејќи препреките на улицата уште стојат. Јавно се зборува дека нешто е застаната работата. Не не интресира кој што зборува туку ние сакаме да ни се направи конечно улицата што е започната уште од лани“ наведуваат жители од улицата Гошо Викентиев.
С. Ивановски