Денес попладне после 16 часот поголема група на наши сограѓани се собрале на крстосницата во „Трајаново трло“ поточно на м.в. Колерски гробишта и запалиле поголема количина на гуми и кабли.
Од страв да не се предизвика поголем пожар од големата количина на запалени гуми и кабли била информирана Противпожарната единица во Кочани.

Излезено е со едно возило и двајца пожарникари кои започнале да го гаснат огинот но насобраната маса фрлала и понатаму гуми и кабли во делот од огнот кој горел.
Дознаваме дека е информирана и полицијата и дека полицајци се дојдени на местото на настанот.
Неофицијално дознаваме дека протестот е поради донесување на законот со кој лица кои немаат положено возачки испит не смеат да управуваат со моторни возила и дека на таквите ќе им бидат конфискувани возилата.
Во очекување сме на
соопштение оа надлежните служби.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
