Се одиграа петте натпревари од 6-тото коло во Прва Фудбалска Лига за жени.
Екипата на „Кочани“ како домаќин е високо поразена од „Истатов“. Гостинките беа далеку подобар противник и со погодоците на Шемсовиќ во 6’48’, Петрушевска 31’56’58’, Чонева 32’, Јосевска 75’ и Нановска 86’ заслужено славеа со 8:0 (3J.
За разлика од гостинките играчите на тренерот Оливер Јовановски играа анемично, незаинтересирано и како од првиот свиреж на судијата тие како да го чекаа крајот на натпреварот. Рака на срце до крајот на есенскиот дел кочанчанки ќе имаат многу проблеми со играта и постигнувањето на погодоците особено по тешката повреда на најдобриот нивен играч Афродита Салихи за која по се изгледа не само сезоната, туку и кариерата и е завршена. Но знаејчи ја каков борец е Салихи сепак да очекуваме дека по залекување на повредата повторно ќе истрче на зелениот терен и ќе продолжи да ги решета мрежите.
Резултати од 6-тото коло:
Кочани – Истатов 0:8
Брера Тиверија – Каменица Саса 2:1
Скопје 2014 – Ас Јунајтед 1:0
Речица – Љуботен 1:5
Топ Гол – Вардар 0:0
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ