„СЕЈМЕНИ“ И „ОСОГОВО“ ЗАЕДНИЧКИ ДО ПОБЕДАТА ВО ЧЕШИНОВО

Во Спорт
април 2, 2023
0 минути

Навивачката Груша „Сејмени“ уште еднаш ја покажаа својата голема приврзаност кон „Осогово“.

Група од дваесетина навивачи денес допатуваа во Чешиново за да му помогнат на нивниот миленик „Осогово“ да истрае во битката за шампионската титула.

Навивањето беше на највисоко ниво освен во некои моменти кога поединци излегоа од матрицата за време на немилите настани на теренот.

Се на се новите три бода кои ги освоија играчите на „Осогово“ се дело и на Навивачката Група „Сејмени“

Се покажа дека заедно се посилни.

С.  Ивановски