ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ЖЕНИ, ЕВРО-ГОЛ НА ХРИСТИНА ГОГОВСКА ЗА ЗЛАТЕН БОД НА КОЧАНЧАНКИ

Во Спорт
ноември 12, 2022
1 минути

Се одиграа натпреварите од 8-то коло во Првата Фудбалска Лига за жени. На петте одиграни натпревари постигнати се 44 погодоци или во просек 8,8 по натпревар.

Како на сите терени така и во Кочани ефикасноста на високо ниво. Натпреварот „Кочани“ – „Шкендија“ заврши со шест погодоци од кои по три во мрежата и на домаќинките и на гостинките.

Првото полувреме не ветуваше ефикасен натпревар бидејќи и двете екипи имаа по една шанса за погодок од кои гостинските ја реализираа по киксот на одбраната на „Кочани“ додека домашните играчи во финишот на полувремето не искористија зицер.

Во второто полувреме уште пет погодоци. Гостите беа ти кои постигнаа нов погодок и отидоа на позитива од два гола разлика, но девојчињата на тренерот Оливер Јовановски за краток период преку Андреа Донева и Теодора Бумбаровска постигнаа два погодока и го израмнија резултатот.

Сепак гостите со нов погодок во мрежата на кочанчанки го вратија водството. Се играше последната минута кога домаќинките изведоа корнер топката беше исфрлена вон шеснаесетникот, на неа натрча Христина Гоговска и со удар од преку дваесет метри ја затресе гостинската мрежа што значење и голем бод за „Кочани“.

Резултати од 8-то коло:

„Кочани“ – „Шкендија“  3:3

„Ас Јунајтед“ – „Каменица Саса“  0:9

„Тиверија“ – „Борец“  14:0

„Љуботен“ – „СЦ Истатов“  6:2

„Деспина“ – „Скопје 2014“  6:1

Слободна во ова коло беше екипата на „Речица“.

С. Ивановски