ПРВА НАГРАДА ЗА МЕГИ И ТЕА НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР ВО КАТЕГОРИЈАТА ЏЕЗ-ПОП ИЗВЕДУВАЧИ

април 18, 2024
1 min read

На петтиот Меѓународен фестивал со натпреварувачки карактер „Сергеј Михајлов“ – Штип нашата сограѓанка Меги Георгиева заедно со нејзината соученичка Теа со освоени вкупно 95 поени ја освоија првата награда во категоријата поп-џез изведувачи.

Меги е ученичка во средното музичко училиште во Штип а првите музички чекори и основно музичко образование го има завршено во ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани.

И овој успех на Меги Георгиева покажува со каква музичка основа се здобиваат учениците во ООМУ „Ристо Јуруков“ и со какви чекори продолжуваат во градењето на нивната музичка кариера.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ