ДУХОВНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД ПЕТРОВДЕН

јули 11, 2023
0 минути

Во организација на Општина Кочани, во рамките на програмата за одбележување на празникот Петровден, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани се одржа Духовна академија.

Пред многубројната публика настапија ученици од класата за традициски инструменти од ОМУ „Ристо Јуруков“ Кочани со нивниот наставник Виктор Постолов.

Духовна музика интерпретираа женскиот хор „Света Лидија Македонска“ и машкиот хор „Свети Гаврил Епископ Велички“ при Лесновскиот манастир.

Настап имаше и музичкиот состав „Портал“,  предводен од неговиот основач и идеен творец Марјан Јанкоски, инструменталист и автор на целокупната музика изведена од овој состав.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ