Во стилот „без секој се може“ денес продолжија натпреварите од втора Фудбалска Лига за жени. Се одигра второто коло во кое од петте закажани натпревари се одиграа три.
Девојчињата на „Кочани“ на гостувањето во Македонски Брод ја забележаа првата второлигашка победа, со головите на Ана Горгиева (3) и Андреа Донева (1) совлада е домашната екипа на „Порече 2015“ со 4:0 (2:0).
На останатите натпревари „Плачковица“ како гостин ја победи „Победа“ (Валандово) со 5:0 а „Кул-Здравје“ со високи 18:0 славеше над „Тиквешанки“.
Преостанатите два натпревара „Џи-Џи“ – „Паун“ и „Интернационал“ – „Билјанини Извори“ не се одиграа.
Во следното 3-то коло „Кочани“ ќе ја пречека екипата на „Победа“ од Валандово.
С. Ивановски