ПРВИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР „11 ОКТОМВРИ – 2023“ ЗА „БРЕГАЛНИЦА“ – ШТИП

Во Спорт
октомври 11, 2023
1 минути

Во организација  на Фудбалскиот клуб „Атлетико 2021“ од село Теранци а по повод 11 Октомври денот на Македонскиот непокор, денес на игралиштето во Чешиново се одржа првиот фудбалски турнир за помали петлиња „11 Октомври – 2023“.

Годинава на турнирот учествуваа четири екипи а по одигрувањето на натпреварите победничкиот пехар го освои екипата на „Брегалница“ од Штип која во финалето ја совлада екипата на „Осогово“ од Кочани. Третото место му припадна на „Овче Полче“ од Свети Николе а последнопласирана е екипата организаторот на турнирот „Атлетико 2021“ од село Теранци.

За најдобар играч на турнирот е прогласен Боби Петровски од „Брегалница“ – Штип а за најдобар голман неговиот соиграч Филип Насев.

На сите екипи учесници на турнирот, како и на најдобриот играч и голман им беа врачени пехари, а честа пехарите и признанијата да им ги врачи му припадна на Гордан Здравков фудбалската легенда на Југословенскиот и Македонскиот фудбал.

Организацијата на турнирот на највисоко ниво.

Самиот клуб „Атлетико 2021“ кој делува во општините, Општина Чешинови-Облешево и Општина Зрновци упатува голема благодарност до двете општини за несебичната помош што им ја дават.

Се планира турнирот да биде традиционален.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ