Денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани второлигашите „Осогово“ и „Детонит Плачковица“ го одиграа закажаниот контролен натпревар. Истиот заврши без голови а тренерите на двете екипи ги внесоа во игра сите играчи кои во моментот им се на располагање.

Во натпревар во кој сеуште се тешки нозете од базните подготовки, гледачите сепак видоа доста трчење, неколку добро организирани акции и по една шанса на двете страни.

Вториот контролен натпревар кочанчани ќе го одиграат во среда, во Скопје каде противник ќе им биде екипата на Аеродром.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
