ПРВОТО НОВОРОДЕНЧЕ ВО КОЧАНИ ВО 2024 ГОДИНА Е ДЕВОЈЧЕ

јануари 4, 2024
0 минути

Вчера (Среда) на Акушерското одделение во Општа болница со проширена дејност – Кочани во 18:45 часот се роди првото новороденче во 2024 година. Емилија Постолова од село Пеклани (Виница) на свет донесе здраво женско дете, инаку трета нејзина рожба.

Породувањето го извршиле спец. гинеколог акушер Илчо Атанасовски со акушерките Даниела Поп Ѓорѓиева и Дивна Илиева. Бебето е тешко 3,3 килограми и долго 50 сантиметри.

Мајката и новородената Бојана се чувствуваат добро а денес нив ги посети Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов кој посакувајќи им добро здравје и среќа им ги врачи традиционалните подароци а до персоналот кој го изврши породувањето упати голема благодарност.

Минатата година на Акушерското одделение при Општа болница со проширена дејност Кочани породени се 35 бебиња.

Душанка Горгиева Трпевски,  в,д. директорот на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани најави дека моментно во Акушерското одделение располагаат со еден гинеколог и осум сестри акушерки, но според планираното до крајот на оваа и почетокот на следната година од специјализација ќе треба да се врата уште три гинеколози специјалисти со што би се зголемил кадарот во ова одделение.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ