ПСК „ОСОГОВО“ – КОЧАНИ ОРГАНИЗИРАШЕ ПРИЕМ ЗА ЗОРАН НИКОЛОВ ОСВОЈУВАЧОТ НА ВРВОТ АКОНКАГВА

Во Спорт
февруари 22, 2024
1 минути

Планинари и членови на Планинарски-спортскиот клуб „Осогово“ – Кочани вчера (Среда) во клубските простории организираа свечен дочек на планинарот Зоран Николов, по неговото враќање од експедицијата во Јужна Америка за искачување на највисокиот врв на планинскиот венец Анди, врвот Аконкагва (6.962 м.н.в).

Планинарот Николов со уште тројца македонци минатата недела го искачи врвот во експедиција во која имаше  уште двајца планинари од Република Србија.

Искачувањето на врвот поминало во најдобар ред, иако најчесто таму условите се сурови, македонските планинари ја имале среќата да начекаат добри врееменски услови. Експедицијата траела неколку денови при што Никлов и колегите планинари поминале различни базни кампови меѓу четири и пет илјади метри за да обезбедат аклиматизација и подготвеност на телото за искачувањето.

ПСК „Осогово“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ