ПСК „ОСОГОВО„ – КОЧАНИ РЕАЛИЗИРАШЕ ДВЕ АКЦИИ СО УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „РАДЕ КРАТОВЧЕ“ – КОЧАНИ

јуни 7, 2024
1 минути

Во соработка со  ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани,  ПСК „Осогово“ – Кочани денес реализира две различни акции со учениците од училиштето.

Едната акција се реализираше на спортскиот центар „Бавчалук“ во Кочани, а другата на Туристичкиот локалитет „Пониква“ со искачување на највисокиот врв на Пониква- врвот „Панаѓур“ 1669 мнв.

На учениците попатно им беше објаснувано за флората и фауната, благодетите кои ни ги дава природата, и позитивните страни на планинарењето.

Благодарност до Директорот Глигор Гацовски.  наставниците,, „Црвен Крст“ –  Кочани, како и сите дечиња учесници кои денеска покажаа примерно однесување и позитивни оценки како во екологијата така и во дисциплината.

ПСК „Осогово“ – Кочани