Основното општинско училиште ,, Климент Охридски ” од Облешево за првпат реализира детски аматерски музички фестивал на којшто ученици од училиштето ги покажаа своите гласовни способности.
На фестивалот се презентираа 10 домашни и странски композиции .
Публиката уживаше во музичкиот настан а жири комисијата имаше тешка задача да ги одбере најдобрите.
Победник на првиот детски аматерски фестивал е ученичката Мила Ташова од подрачното училиште во Кучичино, која ги освои симпатиите на жирито со својата изведба на безвременската ,,Ако згрешам нека изгорам”. Второ место освои ученичката Зорана Тренова со изведбата на песната ,,Бели цветови” од Каролина Гочева, а третопласирана композиција беше ,, Не сум твој тип” во изведба на ученикот Антонио Филевски .
Оваа музичка манифестација наиде на одличен одзив кај публиката , што претставува одлична основа да прерасне во традиција секоја година.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ