Група жители кои живеат во непосредна близина на детското игралиште во „Белско маало“ апелираат до надлежните да ги отстранат недостатоците кои биле констатирани а на што тие реагирале уште при правењето на детското игралиште.
„Игралиштето е во ред што го направија бидејќи дечињата има каде да си играат и да се релаксираат. Но постои еден проблем а тоа е бетонирање на меса кои претставуваат опасност за децата. Поставени се бетонски плочи кои им пречат на децата при нивните игри. Апелираме до надлежните да доколку можат да дојдат да ги видат овие недостатоци и да ги отстранат. Инаку се друго околу самото игралиште е во ред. Еве не сликите најдобро се гледа за што се работи“, стои во реакцијата.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ