КОЈ ГИ УНИШТУВА ДЕТСКИТЕ РЕКВИЗИТИ?

март 7, 2023
0 минути

Штотуку добивме текст и фотографии кои ни ги испрати наш сограѓанин кој според напишаното е видно револтирам од она што се случува во Детскиот парк кој од неодамна беше отворен во „Паркот на Револуцијата“ Во писмениот допис се вели:

„Додека општината ги поправи грешките со лошата боја за кои информиравме, некој се погрижил новиот парк за најмалите да биде во уште положба состојба. Веќе неколку дена децата не можат да си играат во малиот парк бидејќи дел од реквизитите се уништени. Секоја вечер ова катче наменето за нашите најмлади сограѓани, е мета на вандализам, на групи поднапиени и агресивни адолесценти. Бидејќи нема редарска служба, а полициските патроли се мислена именка, не е тешко да се предвиди дека оваа најнова игротека во Кочани е осудена на пропаст. Што се однесува до ( НЕ) хигиената, пресудете сами. Од пуштањето во употреба пред 2 месеци па до денес, не е заматено ниту еднаш“.

Ние само би додале, уште што треба да се случува во ноќните часови па да од Општината се решат секако со амин од советниците да почне со поставувањето на видео камери се со цел да се спречи оваа анархија.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ