Помина еден месец откако автомобил пропадна во необезбедена дупка од дефект на Водовод кај градскиот пазар. И денеска дупката е необезбедена и дури поголема. Но за разлика од претходно, денеска дупката е полна со натрупано ѓубре и истата служи како мини депонија.
Граѓаните се сведоци дека поправката на овој дефект трае предолго веќе неколку месеци. За цело време местото од страна на Водовод не е соодветно обезбедено и поради тоа имаше неколку сообраќајни незгоди.
Бараме Директорката со надлежните служби да излезе на местото и да преземат одговорност да го средат дефектот или да го обележат просторот соодветно додека не настанала поголема штета или некој наш сограѓанин не биде повреден. Исто така и да го исчистата целиот простор кој веќе наликува на депонија.
Освен оваа дупка, ние граѓаните реагираме и на дупка за дефект направена од Водовод спроти градинката кај градскиот пазар. И оваа дупка која се наоѓа на тротоарот не е обележана и претставува голема опасност за граѓаните, а особено за децата кои овде често поминуваат. И оваа дупка е претворена во мини депонија и истата е полна со натрупано ѓубре кое неколку месеци не е исчистено.
Упатуваме реакција до Водовод поажурно да ги поправа дефектите и соодветно да ги обележува местата каде што се работи, а исто така ја повикуваме полицијата соодветно да реагира кон Водовод за неодговорното однесување.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ