Детската недела се одбележува секоја година во првата недела од октомври, во која недела се промовираат детските права.
По тој повод, библиотекари од ЈОУ Библиотека „Искра“, беа во посета на основните училишта во Кочани и населба Оризари, каде на прводделенчињата, како и секоја година им беа доделени бесплатни членски карти. Беа запознаени со работата на библиотеката, начинот на позајмување и користење, видот и содржините на литературата застапена во нашиот книжен фонд. Со радост ги очекуваме во нашата библиотека да ги мотивираме да читаат, а преку пишаниот збор, ќе се запознаат со најразлични поучни и корисни содржини со кои ќе ги запознаат вистинските вредности во животот.
Сите деца се нашето најголемо богатство и нашата иднина. Тие имаат еднакви права и треба да им се даде целосна пддршка, можности, сила и поттик да успеат да станат добри личности во една заедница.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ