ЌЕ СЕ ДОГОВОРАТ ЛИ КОНЕЧНО ПАРТИИТЕ ЗА ДА ПРОРАБОТИ ГРАДИНКАТА „ДЕТЕЛИНКИ“

март 7, 2023
0 минути

Во текот на вчерашниот ден (Понеделник) беше спроведена акција за озеленување на дворот на новоизградената детска градинка „Детелинки“ која долго време желно ги чека првите дечиња. Несфатливо е да зеленуваат објект што никако да се спогодат да биде пуштен во употреба.

Приказните дека градинката уште не е отворена поради влага во истата и поради неадекватно изведената фасада се приказни за мали дечиња. Доколку е тоа вистина, се знае како се решава проблемот,  изведувачот ќе се повика на одговорност, ќе се отстранат недостатоците и градинката ќе почне да работи.

Сепак неофицијално дознаваме дека причината зошто градинката уште не започнала со работа е немањето можност партиите да си се договорат за вработување на свои кадри. Најпрви било договорено од двете најголеми партии да се примаат по еднаков број на нивни членови, но тогаш се замешала третата страна која им го расипала есапот, па сега се бараат начини преку разни соопштенија да се каже дека градинката не била спремна да ги прими првите дечиња.

И додека партиите се надмудруваат, голем број на дечиња со нетрпение чекаат да бидат згрижени во градинката „Детелинки“.

Прилоѓеноте фотографии се направени пред 18 месеци.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ