РЕАЛИЗИРАНИ ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОВР КОЧАНИ ПОД МОТОТО „ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ ПЛАНИНИТЕ ОД ПОЖАРИ“

јули 21, 2023
1 минути

Полициски службеници од ОВР Кочани, во текот на вчерашниот ден во содејство со Шумска полиција од Кочани, a во рамки на кампањата за превенција од шумски пожари во летниот период реализираа превентивни активности под мотото “Да ги заштитиме планините од пожари“
Активностите беа спроведени на повеќе излетнички места на отворен простор: „Кај дабо“во Зрновци, Мородвис, Видовиште, Теранци, Кучичино, Бурилчево, потоа кај месноста „Просечена скала“, браната „Речани“, и селата Бабиште и Крушка.


При непосредна комуникација и разговор со граѓаните, полициските службеници укажуваа како и каде да се пријавуваат пожарите и на кој начин да се заштитат шумите од можните огнени стихии.
Целта на превентивната активност беше фокусирана кон подигнување на свеста кај граѓаните, излетници и рекреативци, како и месното население, за свесно и одговорно постапување при излети и прошетки во шумите, а во насока на елиминирање на потенцијалните ризици од пожари. Исто така на граѓаните им беа поделени и печатени материјали со информативни содржини.

МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ