Општина Кочани, во соработка со училишта и невладини организации, по четврти пат учествуваше во собирање отпад во рамките на најголемата национална акција Генералка викенд.

Со акцијата беа опфатени четири локации во Кочани: Градскиот стадион „Никола Мантов“ со Градскиот базен, дел од населбата Тикешински Лозја, „АСНОМ“ и Спортско-рекреативниот центар „Бавчалук“.

Учесниците во акцијата од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ упатија јавен повик секој да се грижи за јавната чистота. Тие истакнаа дека се полни со надеж оти ова ќе бидат слики за спомен во иднината за едно минато време и дека во таа чиста иднина секој со својата совест ќе се грижи колку и каде фрла.

Во Генералка викенд се вклучија училиштата „Св. Кирил и Методиј“, „Никола Карев“ „Раде Кратовче“, „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“, граѓанските здруженија „Академија“ и „Креатори на иднината“.

Собраниот и селектиран отпад од оваа акција ќе биде измерен и депониран од КЈП „Водовод“ – Кочани.

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
