РЕКОНСТРУКЦИЈА И САНИРАЊЕ НА АСФАЛТНИ ОШТЕТЕНИ ПОВРШИНИ НА ПОВЕЌЕ УЛИЦИ ВО ОПШТИНАТА

септември 3, 2025
1 минути

Во текот на изминатиот период градежна механизација работеше на реконструкција, санација и асфалтирање на повеќе улици во градот. Беа санирани оштетени асфалтни површини на улиците „Душан Петровски“, „Пере Тошев“,„Љупчо Сантов“, „Стамен Манов, „Индустриска“, „Страшо Ербапче“, „Охридска“, „1-ви Мај“, „Бел Камен“ во Кочани, како и улицата „Маршал Тито“ во с. Долни Подлог. Вкупната санирана асфалтна површина извесува 1802,70 метри квадратни.

Реконструирани се и дел од улиците „Мите Јорданов“ во село Тркање во должина од 200 метри, „4-та Македонска бригада“ во должина од 170 метри, „Сребрен Димитров“ во с. Прибачево во должина од 250 метри и дел од улиците „Цар Самоил“ и „Христијан Карпош“ во должина од 600 метри.

Во тек е реконструкција на дел од булеварот „Теодосија Паунов“.

Изведувач на работите е фирмата „Стоименов“.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ