Синоќа во Градскиот Трговски Центар во Кочани, на старата локација реновираниот кафе-бар „Piccadilly“ ги отвори вратите за посетителите
Со нов доста модерен ентериер со мирис на свежо кафе, кафе-бар „Piccadilly“ им стои на располагање за убаво уживање и пријатни мигови на сите што ќе сакаат да го посетат.
Сместен на старата атрактивна локација, кафе-бар „Piccadilly” ветува уникатно искуство за сите љубители на квалитетното кафе и добрата атмосфера.
Самиот простор е внимателно дизајниран за да понуди топла услуга, пријатна средина и позитивна енергија која ќе ги освои посетителите уште на првото влегување.
Од кафе-бар „Piccadilly” порачуваат дека сите љубители на убавото и квалитетно кафе, на долгите и пријатни седенки се добредојдени.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ