ДЕЛЕГАЦИИ МУ СЕ ПОКЛОНИЈА НА СПОМЕНИКОТ НА НИКОЛА КАРЕВ ВО СВИЛАНОВО

април 27, 2023
1 минути

Денес се навршуваат 118 години од смртта на Никола Карев еден од најголемите Македонски револуционери.

По тој повод делегации од Општина Кочани, од ООУ „Никола Карев“ од Кочани, Сојузот на борците од НОВ и од Извидничкиот одред „Ластовица“ положија свежо цвеќе на споменикот во м.в. Свиланово во близина на селото Рајчани со што уште еднаш му оддадоа почит на еден од најголемите Македонски синови, на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев.

На споменикот на Карев најпрвин положи цвеќе градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов со делегација од општината. Потоа на ист начин својата почит ја иразија и делегации од ООУ „Никола Карев“, ИО „Ластовица“ од Кочани и претставници на Сојузот на борците.

Краток осврт за делувањето и последната битка на Карев даде професорот Сашко Стефановски, а свое обраќање имаше и директорот на училиштето Александар Андов.  Најголемо внимание на настанот привлекоа триесеттина членови на секцијата „Географски Видик“ од ООУ „Никола Карев“ кои со своите обележја се редовни посетители на ова историско место.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ