РИСТЕ СИМЕОНОВ ОД КГС „КОЧАНИ“ – ИЗБРАН ЗА СПОРТИСТ НА КОЧАНИ ЗА 2021 ГОДИНА

Во Спорт
јануари 24, 2022
1 минути

Во малата сала за состаноци на Општина Кочани денес дел од новинарите од општинските медиуми извршија „Избор на спортист за 2021 година“.

Во изборот не учествуваа „ТВ канал 8“ и порталот komarec.com.mk така да изборот го извршија претставниците од порталот glasno.mk „ТВ Кочани“, и „Радио Кочани“.

Се избираше: Најдобар спортист, Најдобар млад надежен спортист, Најдобра екипа и најдобар тренер, а годинава имаше пристигнато и предлог за најдобар спортски работник или спортска личност.

Во категоријата „Најдобар спортист за 2021 година“ беа пристигнати шест номинации а по гласањето конечниот редослед е:

  1. Ристе Симеонов (КГС Кочани) 17 поени
  2. Стефанија Павлова (ЏК Гладијатор) 13  поени
  3. Дино Лазарев (Баскет Дино) 11  поени
  4. Тоше Манов (ГФК Осогово) 9  поени
  5. Димитриј Спасов  (КГС  Кочани)  7 поени
  6. Дамјан Крстов (ЏК Гладијатор)  6  поени

Во категоријата „Млад надежен спортист за 2021 година“ имаше номинација за 13 спортисти па беше одлучени да нема пласман во оваа категорија а сите номинирани да добијат Благодарници за постигнатите резултати.

Трие екипи се најдоа во категоријата „Најдобра екипа за 2021 година“ за да по завршеното гласање редоследот е следниот:

  1. ЏК „Гладијатор“ со освоени 7 поени
  2. КК „Баскет Дино“ со освоени 6 поени
  3. ГФК „Осогово“ со освоени 5 поени

И во категоријата „Најдобар тренер за 2021 година“ беа номинирани тројца кандидати а по завршеното гласање редоследот е следниот:

  1. Александар Андов (ГФК осогово) со освоени 9 поени
  2. Драган Шеќероски (ЏК Гладијатор) со освоени 6 поени
  3. Александар Диванисов (КК Баскет Дино) со освоени 3 поени

За развој на кошарката во Кочани посебна Плакета ќе биде врачена на семејството на прерано починатиот Сашо Лазарев – Чапо.

Терминот и местото на свеченото доделување на признанијата дополнително ќе биде одреден.

С.Ивановски