Под мотото „Да креираме надеж“ во организација на „Ротари Клуб Кочани-Виница“ а со поддршка на Општина Кочани, како и на поголем број спонзори денес низ улиците на Кочани се одржа третата „Rotary run“ трка.
Се трчаше на 5 и 10 километри во машка и женска конкуренција како и 2,5 километри во фамилијарна конкуренција.
Стартот на трката беше на улицата „Кеј на Револуцијата“ кај „Паркот на Револуцијата“ а се трчаѓе по Булевар „Теодосија Паунов“ па потоа низ улиците „Никола Карев“ и „Маршал Тито“ па повторно по „Кеј на Револуцијата“ до целта каде што беше и стартот.
На трката на која се појавија 300 натпреварувачи на 10 километри во машка конкуренција победи Мартин Александров Балабанов од Ротари клуб од Благоевград (република Бугарија), а додека на истата патека во женска конкуренција најуспешна беше Теа Божиновска од АК „Скопски маратон“.
На патеката од 5 километри во машка конкуренција победи Григоријан Никовски од АК „Делта“ а во женска Христина Гиздовска од „Турбо Снеилс“.
Во фамилајрна конкуренција најуспешни беа Николчо Костадинов и Марија Велков.
Целиот настан беше одлично организиран и истиот привлече голем број гледачи кои беа распоредени во должина на целата патека.
Убави нешта кои му се потребни на Кочани.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ