ПСК „ОСОГОВО“ ОРГАНИЗИРАШЕ ЕДУКАТИВНА ПРОШЕТКА ЗА ДЕЦАТА ОД ООУ „РАДЕ КРАТОВЧЕ“ – КОЧАНИ

октомври 24, 2023
1 минути

Прекрасна едукативна прошетка од страна на ПСК „Осогово“ – Кочани беше организирана за децата од ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани.

На локалитетот „Бавчалук“ децата беа запознаени со планинарството како спорт, неговите огромни придобивки за здравјето и духот на децата, но и со основните вештини за преживување во природа, ситуација во која може да се наjде секој.

Целта на акцијата е промовирање на спортот,  движењето и планинарењето, кои имаат неверојатни позитивни ефекти врз растот и развојот на децата во време доминирано од технологијата.

Децата се нашето најголемо богатство и промовирањето на позитивните вредности кај нив е најголемата инвестиција за во иднина!

ПСК „Осогово“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ