„ROTARY RUN“ ТРКАТА НИЗ УЛИЦИТЕ НА КОЧАНИ ОРГАНИЗИРАНА НА НАЈВИСОКО НИВО

мај 28, 2023
1 минути

Во организација на „Ротари Клуб Кочани-Виница“ а со поддршка на  Општина Кочани, УСАИД, Фондацијата за локален развој – Штип како и други спонзори денес низ улиците на Кочани се одржа „Rotary run“ трката на која учествуваа повеќе од 270 натпреварувачи.

Се трчаше на 5 и 10 километри во машка и женска конкуренција и како новина на 2,5 километри во фамилијарна конкуренција.

Стартот на трката беше на улицата „Кеј на Револуцијата“ кај „Паркот на Револуцијата“ а се трчаше по Булевар „Теодосија Паунов“ па потоа низ улиците „Никола Карев“ и „Маршал Тито“ па повторно по „Кеј на Револуцијата“ до целта.

Освен натпреварувачи од Општина Кочани имаше натпреварувачи од речиси цела Македонија а секако дека вниманието на големиот број гледачи кои беа во должина на патеката го привлекуваа познати имиња од кои и учесници и на олимпијади.

Иако на крајот сите беа победници сепак признанија и награди во паричен износ беа доделени на тројца првопласирани во конкуренциите на 5 и 10 километри во машка и женска конкуренција.

10 км – жени:

Прво место – Тамара Јолеска Попов

Второ место – Маја Рајина

Трето место – Јулијана Смилеска

10 км. – мажи:

Прво место – Дарио Ивановски

Второ место – Мартин Трајановски

Трето место – Миле Бачевски

5 км. – жени:

Прво место – Анастасија Христова

Второ место – Марија Пеликон

Трето место – Ана Пендовска

5 км. мажи:

Прво место – Григоријан Никовски

Второ место – Ристо Чалков

Трето место Столе Ангеловски

2,5 км – Фамилијарна конкуренција:

Панче Саздов и Николчо Костадинов

Организацијата од страна на Ротари Клуб „Кочани-Виница“ беспрекорна.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ