Благодарение на мошне добрата соработка на Ротари Клуб Кочани- Виница и Ротари Јкуб Скопје, токму Ротари клуб Скопје“ , денес на ОМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани му донираше ново пијано „Петроф“.

На денешното примопредавање на донацијата на која присуствуваа претставници од ротари клуб Скопје и Ротари клуб Кочани-Виница во знак на благодарност ученици од ОМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани организираа мини концерт на кој беа изведени класични композиции за пијано, флејта и виолина како и изведба на неколку музички нумери со традиционални музички инструменти како и оро карактеристично за кочанскиот регион.

Новиот пијано „Петроф“ од донаторите го прими Марија Лазарова, директорка на ОМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
