РУИНИРАН „СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА“, КОГА ЌЕ ПРОРАБОТИ ПРАВНАТА ДРЖАВА?

март 27, 2022
1 min read

Лудориите кои се занемаруваат а секој ден и секоја ноќ се случуваат само нанесуваат штета на заедничкото добро без да има некакви санкции по сторителите.

Фотографиите се направени на „Споменикот на слободата“ каде се гледаат графити со непристојни содржини со кои е исшаран целиот споменик а мермерните плочи пред него и на скалите е речиси целосно уништен.

Ние можеме да пишуваме нон-стоп, граѓаните да реагираат, но која фајда од сето тоа кога некој треба малку да се помачи и да ги пронајде сторителите на овие грозоморни чинови.

Последен повик до надлежните да си ги засукаат ракавите, да ја остават демократијата по страна, да ги под ИТНО пронајдат сторителите и јаво да ги покажат а пред тоа да ги извадат пред лицето на правдата.

Се надеваме дека правната држава ќе почне да функционира.

С. Ивановски