Во ООУ„ Климент Охридски“ –Облешево Почетокот на новата учебна година на пригоден начин одбележан во централното училиште во Облешево . Градоначалникот на општина Чешиново Облешево со пригодни подароци на сите првачиња им посака успешен почеток. Директорот на училиштето Јорданче Костадинов во своето обраќање пред присутните истакна : 1 Септември е еден од највозбудливите денови за првачињата – денот кога за првпат го преминуваат прагот на училиштето. Тоа е голем и значаен чекор, исполнет со радост, љубопитност, и малку трема.
– За децата – тоа е почеток на едно ново патување исполнето со другарства, игри, нови знаења и авантури.
-За родителите – тоа е момент на гордост и емоции, гледајќи ги своите најмали како стануваат „големи“.
– За наставниците – тоа е посветена мисија: да ги водат и поддржуваат во секој нов чекор. На нашите нови првачиња , оваа учебна година да биде исполнета со насмевки, радост и љубопитност. Денес започнува вашата приказна како ученици – приказна што ќе ја паметите цел живот.
Среќен почеток и добредојдовте во светот на знаењето, во големото училишно семејство!
Оваа учебна година во двете основни училишта на територијата на општина Чешиново Облешево се запишани вкупно 33 првачина . Од Министерството за Образование и Наука,Општината и Училиштата на сите нови ученици им се дадени пригодни подароци и се создадени сите неопходни предуслови и оваа година образовниот процес да продолжи континуирано и непречено.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ