САПОРТ КОЧАНИ: ОБУКА ЗА ДВЕ ЛИЦА ЗА ХИБЕРБАРНАТА КОМОРА И ПОСЕТА НА СЛОВЕНЕЧКИОТ АМБАСАДОР ГРЕГОР ПРЕСКЕР

мај 19, 2025
0 минути

Сапорт Кочани во соработка со „Зегин“ обезбеди сертифицирана обука за 2 медицински лица од ЈЗУ „Општа болница со проширена дејност“ – Кочани за професионално ракување со хипербарната комора. По завршувањето на обуката, комората ќе биде ставена целосно во функција, најпрво за повредените од пожарот, а потоа и за сите пациенти на кои им е потребен ваков третман.

Денес во просториите на Сапорт Кочани ни беше во посета делегација предводена од Амбасадорот на република Словенија во република Македонија, Грегор Прескер. Разговаравме отворено за можности, идеи и понатамошна соработка во интерес на заедницата. Искрено им се заблагодаривме на медицинската поддршка и професионалноста  што ја покажаа Словенечките здравствени институции во третманот на нашите повредени сограѓани. Поддршката што ја добивме денес, значи многу. За нас, ова не е само дипломатска посета туку потврда дека хуманоста не познава граници

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ