СЦЕНАРИОТО НА ДПМНЕ Е ПОЗНАТО: НАСИЛНИЦИТЕ ДА ГЛУМАТ ЖРТВИ

октомври 25, 2021
0 минути

Почитувани сограѓани,

Реториката на еден народен избраник кој зборува за злосторничко здружување и насилничко однесување, покажува колку тој целосно му е оддаден на режимското минато.
Обраќање во кое слушате: саботажа, малтретирање, шиканирање, закани, е многу добро познат терен на дејствување од време на режимот. Затоа тој со страст зборува за тоа, сакајќи да ги наметне како дејства на противникот.

Тоа не проаѓа!

Наместо да клевети и обвинува, граѓаните од него чекаат да одговори.

Дали народниот избраник кој обвинува за „шиканирање“ е тој кој во маларичен и кукузелски стил со години вршеше сајбер криминал врз кого ќе посакаше во Кочани?!

Дали народниот избраник е поранешен директор на училиште кој со автобуси влечеше наставници на митинзи и вршеше политички притисоци врз нив?!

Дали народниот избраник е вмешан во ујдурмата позната како партиски школски превоз со која испарија 43 милиони само од кочанските училишта?!

Ја повикуваме јавноста да не наседнува на лажни провокации. Нивното сценарио е: насилниците да глумат жртви. Колку што се засилени во битката за власт, толку се исплашени од претстојниот пораз.

Од друга страна, добро е што во периодот меѓу двата изборни круга тие повторно си го покажуваат своето вистинско лице. Деновиве сме сведоци дека во општините каде ДПМНЕ победи во првиот круг, веќе се почнати заканите за отказни решенија, веќе се вршат притисоци врз нивните неистомисленици.

Добро е што ја освежуваат меморијата, нè потсетуваат низ што минуваа граѓаните една деценија додека тие беа на власт. Така даваат поука никогаш повеќе да не се повтори режимот!

Ние отворено се противиме на секакви незаконски дејствија и ги повикуваме сите надлежни да презамат мерки против сите прекршители.

Вие, почитувани сограѓани, знаете дека 31 октомври е датумот кога треба да се потврди предноста што ни ја доверивте во првиот круг!
Изберете го најдоброто за Кочани!

ОО на СДСМ – Кочани