СЕ АСФАЛТИРА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ДИМИТАР ВЛАХОВ“

август 27, 2022
1 min read

Претпладнево почна асфалтирањето на дел од улицата „Димитар Влахов“, на потегот од Стришанска Чешма до ТА „Вел-јан“.

Градежните активности се дел од реконструкцијата на оваа улица, а во рамките на изградбата на втората коловозна лента на улицата „Стево Теодосиевски“.

Овој проект ја опфаќа и изградбата на кружниот тек кај „Вел-јан“, кој се асфалтира денеска.

Општина  Кочани