Според Меморандумот за соработка што Општина Кочани го потпиша со Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип, во тек е реализација на проектот за уредување на паркот во месноста Бавчалук.
Проектот опфаќа целосно обновување на содржините во Спортско-рекреативниот центар: асфалтирање на терените за мал фудбал и кошарка, обновување на подлогите, замена на таблите и на обрачите на кошевите и стативите на фудбалското игралиште.
Терените ќе бидат збогатени и со нови содржини, а ќе претстои санација на постојните летниковци, поставување нови клупи и канти за отпадоци.
Со проектот е планирано пошумување со зимзелени и листопадни дрвца.
Вкупната вредност на проектот изнесува 3.781.720 денари од кои 1.050.000 денари се од Фондацијата за развој за развој на локалната заедница Штип, а останатите средства се од Буџетот на Општина Кочани.
ИЗВОР: Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ