СЕ РАЗБУДИ ПОДЗАСПАНИОТ ЏИН, СЕ ЗАПАЛИ ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА

јули 19, 2026
1 минути

Голем број на наши сограѓани кои уште во раните утрински часови заминаа за Пониква за да побараат барем малку пониски температури непријатно беа изненадени од глетката дека  повторно се разгоре некогаш Градската депонија а денес Регионална депонија.

Советниците од минатиот Совет на Општина Кочани донесоа  едногласна одлука  на Градската депонија смет да се истоварува само од Општина Кочани, но бирократијата мислеше поинаку па еве втора година без малку на депонијата смет освен од Општина Кочани истоваруваат и Општините Чешиново-Облешево, Зрновци и Виница.

Не знаеме што мисли Градоначалникот на Општина Кочани и неговиот општински апарат, но време е да застане на страната на жителите на Општина Кочани бидејќи за тоа и ја доби довербата.

И додека депонијата се разгорува и полека ќе почне да го покрива градот на Пониква животинскиот свет нуди прекрасна глетка.

Ќе дозволиме ли ние поради бирократски интереси да се уништи прекрасниот животински свет што е на Осоговијата.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ