Во организација на родителите на настраданите деца во дискотеката „Пулс“ а со техничка поддршка на Општина Кочани, денес се возеше велосипедската тура „По патеките на оризот“ која воедно годинава имаше хуманитарен карактер.
Околу 250 љубители на велосипедизмот од различни профили од „паркот на револуцијата“ во Кочани се упатија кон селото Градовци од каде продолжија до село Мојанци каде во цркаат „Св. Кирил и Методиј“ направија кратка пауза, за да од таму преку село Горни Подлог точно во 12:05 часот стигнат пред дискотеката „Пулс“ каде со една минута молчење им оддадоа почит на сите 62 настрадани.
Освен Општина Кочани во организацијата на оваа велосипедска тура се вклучија и ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани, Црвен крст, ТППЕ – Кочани, ДПД – Кочани, како и Полициска станица – Кочани.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ