ОД 01 ЈУЛИ ЗАФИР НАКОВ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РОТАРИ КЛУБ „КОЧАНИ-ВИНИЦА“

јуни 30, 2023
1 минути

Од 01.Јули (Сабота) и официјално Зафир Наков е новиот претседател на Ротари Клуб „Кочани-Виница“. Тој на оваа должност стапува по успешното едногодишно претседателствување на Сашко Андонов.

Официјалното примопредавање на председателската должност беше направено во Неделата 25ти Јуни во пријатна фамилијарна атмосвера во кругот на членовите и нивните семејства.

Актуелниот претседател Сашко Андонов даде осврт на сработеното во ротаријанската 2022/23 година и им се заблагодари на раководството составен од Васил Пендевски, Андон Гушков, Васил Таковски и Зафир Наков кои цела година беа рамо до рамо со него и се најзаслужни за реализираното годинава, воедно врачувајќи им значка со мотиви од годинешното мото „Imagine Rotaray” како симболична благодарност за несебичноста, пожртвуваноста и упорноста која ја покажаа оваа година. Исто така на ротаријанците кои најповеќе допринесоа оваа година Владимир Павлов, Сотир Ангелов, Глигор Цветанов, Тоше манев, Зоран Тодоров им беа врачени благодарници., по што беше направено примопредавањето на претседателството од Сашко Андонов на Зафир Наков со симболична размена на претседателската значка и инсигниата.

Идниот претседател за 2023/24 година Зафир Наков им се обрати на присутните откривјаки го годишнот мото како и идеите и плановите за следната ротаријанска година, ветувајки повеќе ангжмани, проекти но секако и дружби и ширење на ротаријанството.

Благодарност на досегашниот претседател Сашко Андонов за подигање на активностите на клубот на повисоко ниво. Со четири награди од Сојузот ја заврши годината. Тоа значи постојан ангажман без резерва за заедницата.

Клубот останува во сигурно раце на новиот претседател Зафир Наков на кој му посакуваме многу среќа и успех во работата, а поддршката од сите нас секако ја има.

Ротари Клуб „Кочани-Виница“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ