ПСК „ОСОГОВО“ ГИ ПРОГЛАСИ НАЈУСПЕШНИТЕ ЗА 2021 ГОДИНА

Во Спорт
јануари 17, 2022
1 минути

Изминатата сабота ПСК „Осогово“ од Кочани го одржа своето Годишно Собрание на кое беа анализирани постигнатите резултати во 2021 година а воедно беа прогласени и најуспешните во истата година.

Спасо Георгиев, Стојанче Јефремов, Николчо Георгиев, Зоран Николов како најактивни членови во 2021 година го добија признанието  „благодарница“, додека за посебен придонес и развој на клубот признанието му припадна на Методи Георгиев.

За планинар на Годината (2921 година) во ПСК „Осогово“ е прогласена Стојка Антова која преку годината учествуваше на сите планинарски акции,  беше организатор на 2 едукативни младински кампови со што даде голем придонес за развојот на клубот.

Честитки до сите, живи здрави и со нови сили во 2022 година.

ПСК „Осогово“ – Кочани