Вечерва околу 20:30 часот во Пречистената станица за отпадни води во село Мијанци се запалила инсталацијата во близина на балонот со метан.
Интервенирано е со 4 возила и 8 пожарникари од ТППЕ – Кочани и 1 возило со 4 пожарникари од ДПД – Кочани.

Гаснењето на пожарот било со пенило и со ПП апарати со прашкова материја и со вода.
Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите од Територијалната Противпожарна Единица од Кочани и на доброволците од Доброволното Противпожарно Друштво од Кочани спречена е катастрофа од поголеми размери.

Известена е Полицијата и Јавен обвинител и како што дознаваме во текот на утрешниот ден ќе се утврдуваат причините за несреќата.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
