СЕДМИОТ ПО РЕД СОВЕТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ГО СЛАВИ ТРЕТИОТ РОДЕНДЕН

ноември 8, 2024
1 min read

Според верувањата  бројот 7 (седум) носи среќа, но во нашиот случај не е баш така, седмиот Совет на Општина Кочани кој денес го слави својот трети роденден се покажа како еден од најлошо склопените до сега.

Голем број од советниците еве веќе трета година воопшто немаат земено збор за да дебатираат за доброто на оние кои ги гласале, туку  се сé сведува а поминаа 53 седници на 3-4 постојани дискутанти, 2-3 повремени дискутанти, а останатите кротки и мирни во своите советнички столчиња кои како со жива душа да чекаат да заврши седницата да се замине на заедничкиот ручек и да го чекаат крајот на месецот за да си го добијат законскиот паушал.

Па за каков Совет ние зборуваме, за Совет што поголем период не гледаше дека гори и непријатно мириса депонијата, Совет што обезбедените средства за  изградба на „Мостот на пријателство“ ги пренамени за некои други цели, Совет што му е сеедно дали Кочани е сардисано од сите страни и дивоградбите никнуваат како печурки  после дожд, и тоа преди се од  лица кои претходно никој ги нема видено во општината,

Совет за што, ако е само на политичките партии да им се задоволат барањава тогаш нивно нека си е, но кога се ќе собере, срамота е.

Сепак, каков-таков досега најлошо склопениот Совет ќе има уште само една година мандат а потоа следуваат новите Локални избори на кои населението ќе треба од сега да размислува кој се ќе се најде во новиот состав на Советот и ќе ги штити нивните интереси,  но за да не размислуваат многу нека ја погледнат масата на луѓе која еве веќе дванаесетти ден протестира за чист воздух на сите во општината и се да им стане уште сега јасно.

Тие луѓе нека им бидат мислата водилка кој се треба да седне во советничките столчиња, ако уште размислуваат за политичките партии и нивните сателитчиња пак ќе ни се случува сето она лошо што еве подолг период ни се случува.

Како и да е, на советниците од овој состав мека им е среќен третиот роденден.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ