ШАХОТ ОД ДЕНЕС СЕ ВРАЌА ВО НОВОУРЕДЕНИ ПРОСТОРИИ

Во Спорт
јануари 11, 2024
1 минути

Од денес шахистите од Шаховскиот Клуб „Кочани“ – Кочани, и официјално се враќаат во старата база, во просториите на блок А во Градскиот Трговски Центар во Кочани.

По тој повод новоизбраниот Претседател на ШК „Кочани“ Благој Ситновски одржа прес конференција на која ги запозна медиумите од општината со целта на возобновувањето на шаховскиот клуб.

 

Во своето обраќање Ситновски потенцираше дека целта за возобновување на шахот е всушност продолжувањето на една убава традиција, традиција кога Кочани како град беше меѓу носителите на шахот во Македонија. Целта на реновираните простории е да се прифатат и да се вратат повторно во клубот сите заинтересирани што сакаат да ја играат ова древна игра. Како што истакна понатаму во блиска иднина  планираат да се отворат шаховски школи во училиштата во Кочани за да можат младите да дојдат до израз со својот интелект.

 

Претседателот на ШК „Кочани“  Благој Ситновски искажа голема благодарност најпрвин до Општина Кочани за отстапените простории како и до неколку компании кои преку свои донации помогнаа при уредувањето на овој прекрасен простор.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ