ШЕФОТ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ НА „ОСОГОВО“ ЕФТИМ АКСЕНТИЕВ СИ ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА

Во Спорт
јули 12, 2023
0 минути

Само пет дена по почетокот на подготовките за Втората Фудбалска Лига, Шефот на стручниот штаб на „Осогово“ Ефтим Аксентиев си поднесе неотповиклива оставка.

На прес конференцијата што ја одржа денес Аксентиев како причина за поднесената оставка акцентот го става лошите услови за работа на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани.

„Денес одлучив и еве јавно изјавувам дека повеќе не сум тренер на екипата на „Осогово“,  Пред почетокот на првенството во разговор со двајцата претседатели Александар Андов и Перо Георгиевски дека ГФК „Осогово“ ќе биде стабилен второлигаш со сите потребни елементи, ветуваа многу работи и затоа јас прво закажав прозивка на 5 јули. Ден претходно одитов на стадионот а таму беше вистински хаос.  Терен неискосен,, соблекувална хаос, опрема нема, потребни реквизити нема, топки нема.. Разговарав посебно со претседателите на клубот кои ветуваа дека за два дена тоа ќе се среди. Прозивката ја закажав за во сабота. Отидов на стадионот се сретнав со тренерот на женскиот клуб Оливер Јовановски кој ми даде девет топки за да ги почнам подготовките. За жал состојбата во соблекувалната и со реквизитите беше иста. Повторно се слушнав со претседателите кои ми кажаа дека сето тоа ќе биде обезбедено. Вчера на тренингот дојдоа два тројца нови играчи кои ниту ги знам ниту од каде се и дека ќе бидат присутни на тренингот.  Ми беше ветено дека кои играчи мисланм јас, тие ќе бидат доведени во Осогово.  Јас доставив список на потребни играчи до претседателите на клубот, но без мое знаење и информирање тие преговараа и донасаа играчи по нивни потреби и желби. Од сигурни извори имам информации дека додека ги спремавме подготовките зад мој грб тие веќе барале тренери од други градови за моето место што значи имале за план да ме оттргнат од „Осогово“.  Лично имав директен конфликт со претседателот на клубот Перо Георгиевски, којшто мисли дека е се во клубот и го разбира фудбалот на највисоко ниво.  Тој е во клубот поради други причини, поради тоа што градоначалникот кажал тој да биде во клубот а му дал одврзани раце на другиот претседател Александар Андов што значи тие двајцата да го водат клубот. Така клуб не се воде,  Сакам да напомнам се додека се тие луѓе во клубот јас немам намера да се вратам Му посакувам се најдобро на Осогово и успех во втората лига. Ако работите не се променат од корен, нема напредок за „Осогово“, истакна тренерот во заминување Аксентиев.

За крај Аксентиев напомена дека додека не се променат некои работи на подобро, клубот ќе биде во многу лоша ситуација.

„Јас сум свесен дека се игра некаква игра, или ме местеа како сега сам да си поднесам оставка а тие сега моментално клубот да го стабилизираат за ден до два три или ме местеа да се нафатам да го водам Осогово  а да не ми доведат играчи и после целата вина да биде фрлена на мене“ ја заврши прес конференцијата Ефтим Аксентиев.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ