Во организација на Карате Клуб „Дојран“ а со поддршка на Карате Федерацијата на Македонија во Дојран се одржа Меѓународен карате турнир „5 Ноември“. На турнирот освен каратисти од Македонските клубови учествуваа и натпреварувачи од Србија, Црна Гора, Бугарија и Грција.
Каратистите на Карате клуб „Кочани“ учествуваа со шест натпреварувачи кои освоија шест медали од кои: 4 сребрени и 2 бронзени.
Сребрените медали ги освоија:
Лука Златков (2012-2013) – категорија до 45 килограми,
Лука Ѓорѓиев (кадети) – категорија до 52 килограми,
Наталија Карова (јуниори) – категорија до 48 килограми,
Иван Арсов (јуниори) – категорија +76 килограми,
Освојувачи на бронзените медали се:
Илина Костадинова (2012-2013) – категорија 36 килограми и
Илија Охомуш (јуниори) – категорија до 67 килограми.
Годинешниот турнир се одржа три седмици подоцна поради одржувањето на „Државниот шампионат во карате за кадети, јуниори и помлади сениори У-21“.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ