По осум години успешна работа, над 10.000 обучени курсисти и илјадници успешни приказни, „Школа за убавина Арт“ го проширува своето делување и отвора нов центар во Кочани, со што професионалните обуки од областа на убавината и козметологијата стануваат подостапни и за жителите од Источна Македонија.

По повод отворањето, на 11 јуни (четврток) од 11:00 до 15:00 часот ќе се одржи Отворен ден во новите простории на школата на адреса: „Кеј на Револуцијата“ бр. 14, Кочани Сите заинтересирани ќе можат да ја посетат школата, да го разгледаат просторот, да се запознаат со програмите, да добијат информации за обуките и можностите за плаќање, како и директно да разговараат со сопственичката и менаџерка на школата, Марија Мојсова.

Само за време на Отворениот ден ќе важат специјални попусти на обуките, а посетителите ги очекуваат и подароци и изненадувања подготвени од тимот на школата.
„Школа за убавина Арт“ веќе осум години успешно работи во Скопје и досега има обучено над 10.000 курсисти од Македонија и странство. Денес претставува една од најпрепознатливите школи за убавина во земјата, каде многу луѓе го направиле својот прв чекор кон сопствен бизнис, нова професија или професионална надградба.

Новата школа во Кочани ќе понуди професионални обуки од различни области, меѓу кои:
- Надградба на нокти
- Професионална шминка
- Депилација • Свилени трепки
- Лифтинг на трепки и ламинација на веѓи
- Професионална масажа
- Мадеротерапија
- Третмани за слабеење и обликување на тело
- Хиџама (сува и мокра)
- Дермапен и третмани на лице
- Педикир
- Трајна шминка на веѓи и уста
- Козметички третмани
- И многу други обуки од областа на убавината и естетиката.
Од школата истакнуваат дека сите се добредојдени , без разлика дали сакаат да започнат сопствен бизнис, да научат нов занает, да се преквалификуваат или професионално да се усовршуваат.

„Особено ми е драго што оваа приказна ја продолжуваме токму во мојот роден град Кочани. Верувам дека и тука ќе создадеме многу нови успешни приказни и ќе им помогнеме на луѓето да го направат следниот чекор во својата кариера. Нашата цел отсекогаш била да создадеме професионалци кои ќе можат самостојно и успешно да работат, а сега таа можност ќе биде уште подостапна и за целиот источен регион“, вели сопственичката и менаџерка на школата, Марија Мојсова.

За дополнителни информации околу обуките, програмите и активностите на школата, заинтересираните можат да го посетат Instagram профилот: @skolazaubavinaart
Со отворањето на новата локација во Кочани, „Школа за убавина Арт“ започнува ново поглавје, со истата професионалност, квалитет и посветеност по кои е препознатлива веќе осум години, продолжувајќи да создава нови успешни приказни низ цела Македонија.

ОТВОРЕН ДЕН НА 11 ЈУНИ ОД 11:00 ДО 15:00 ЧАСОТ – СПЕЦИЈАЛНИ ПОПУСТИ, ПОДАРОЦИ И МОЖНОСТ ЗА ИНФОРМИРАЊЕ ЗА СИТЕ ОБУКИ

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
